Британски пожарникари поитале на местото од каде што доаѓал аларм за пожар, за да откријат дека всушност станува збор за папагал кој имитира звуци.
– Ја натера групата да се насмее. Бевме благодарни поради тоа што сопственикот на куќата и неговите папагали Џез и Кики се добро – рекол командантот Норман Џејмс.
Сопственикот на куќата, 63-годишниот Стив Докерти, рекол дека сивиот африкански папагал по име Џез бил виновен за лажната тревога. Тој го земал кај себе 17-годишниот папагал пред една година и веднаш сфатил дека птицата има талент.
– Тој навистина сака да имитира звуци. Го имитираше алармот, ги натера пожарникарите да дојдат, а тој седеше во неговиот кафез и се смееше – изјавил Докерти.
Видеото погледнете го тука.
Извор: upi
ФОТО: Принтскрин