Девојка од Гостивар загина синоќа во Италија

929
Деветнаесетгодишната Аријана Сефери од Гостивар загина синоќа во сообраќајна несреќа која се случи во италијанското градче Виларота ди Лузсара.
За сопатниците на трагично настраданата девојка се појавија различни информации во македонските медиуми. Според едни, италијанската полиција известила дека таа патувала во автомобил „фиат брава“ во кој биле нејзиниот пријател од Индија и негов пријател.
Од засега непознати причини, возилото се судрило со автомобил „фиат мултипла“, кој доаѓал од спротивен правец. Сефери починала на местото на несреќата, додека двајцата државјани на Индија, кои биле повредени во несреќата, починале во болница
А според други, кои ги пренесуваат италијанските медиуми, таа во возилото била со нејзиниот татко, кој бил повреден во сообраќајката.
Од нашето Министерство за надворешни работи ни изјавија дека ја проверуваат информацијата за овој случај.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...