Напаѓачот на Атлетико, Антоан Гризман, призна дека одлуката да остане во Мадрид не ја донел веднаш, откако добил понуда од Барселона да се пресели на „Камп Ноу“.
Каталонците сакаа да го купат францускиот фудбалер летоска за 100 милиони евра, но беа одбиени.
– Многу беше тешко да се одбие Барселона. Тие навистина сакаа да ме видат во нивниот состав. Постојано добивав повици и пораки. Но, од друга страна беше клубот за кој долго време настапував и каде сум важен играч – изјави Гризман.
Атлетико го гради својот проект околу мене. Тимските партнери и менаџментот на клубот направија напори за да останам. Ја подигнаа мојата плата и направија сè, за да не си одам. Тоа беше навистина тежок период за мене од аспект на донесување одлука за мојата фудбалска иднина – додаде Гризман.