Доаѓа од Сибир, но не може да се навикне на студените домови во Скопје

Галина Куценко е мажена за Македонец и живее во Скопје веќе 7 години, а ако ја видите некаде сигурно ќе ја препознаете – изгледа како манекенка, а во рацете секогаш има плетиво и игли.

1116

На базарот за ракотворби кој се одржуваше минатата недела во галеријата „Колектив“ на скопскиот плоштад, веднаш ми падна во очи една убава црнокоса жена која стоеше и плетеше.

Пред неа беа нејзините плетени аксесоари изработени од, како што ни кажа, квалитетна италијанска благородна волница која кај нас сѐ уште ја нема.

Галина Куценко по образование е сопран и диригент, дипломец на Кемеровскиот државен институт за култура. Тука дошла во август, пред седум години, за да настапи со хорот со кој пеела на фестивалот „Езерски бисери“ во Струга. Тука се запознала со сопругот и веќе третиот ден си ветиле дека нема да се разделат. Интересно е што тој студирал во Москва и во тој период имал само уште неколку испити за да дипломира.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: PS visualart

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...