Укинати се сите забрани и ограничувања на патиштата во Македоноја што вчера беа предизвикани од снежните врнежи и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци. Врнежите од снег се престанати секаде.
Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ утринава соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа по остатоци од кашаст снег.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.