Од 20,45 часот, воведената Забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Стража, е прекината и сообраќајот е нормализиран на овој патен правец, информираат од АМСМ.
Забраната на Плетвар за движење на тешки товарни возила сѐ уште важи.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата – предупредуваат од АМСМ.