Германецот Александер Зверев за прв пат во својата кариера стигна до трофеј на еден Мастерс турнир. Тој вечерва во Лондон на завршниот Мастерс турнир за оваа сезона го победи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.
Финалето во „О2“ арената во Лондон траеше еден час и 21 минути.
Со 21 година и шест месеци, Зверев е најмладиот шампион на престижниот турнир во Лондон.
Воедно, тој е третиот Германец кој го освоил трофејот, по Борис Бекер и Михаел Штих.
Наградниот фонд на Мастерсот во Лондон изнесуваше 8,5 милиони долари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...