Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието главно од дожд или од дожд и снег. Врнежите се поинтензивни особено во јужните делови.
До 19 часот вечерва во Битола наврнале 33 литри дожд на метар квадратен, во Претор 28, 27 во Гевгелија, 17 во Демир Капија… На Попова Шапка и Маврово има 18 сантиметри снег, 16 во Маврово и Претор, 15 во Тополчани, 11 во Битола…
Утре се очекува престанок на врнежите и краткотрајно разведрување, а нов влажен и потопол бран со врнежи, претежно од дожд, ќе има во вторник, кога пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.