Едно лице тешко повредено кај Псача, сообраќајот нормализиран

373

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа која се случи кај местото викано Просеченик, кај село Псача во општина Ранковце, на магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка, поради што и сообраќајот беше попладнево во прекин, но веќе е нормализиран.

Се судриле автомобил и камион, а со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот.

– До незгодата дошло кога патничко моторно возило марка пасат, со бугарски регистарски таблици, управувано од П.Н. роден 1970 година, движејќи се во насока кон Крива Паланка изгубил контрола и удрил во товарно моторно возило, марка Мерцедес, со албански регистарски таблички, управувано од А.А. роден 1972 година, кое се движело во спротивна насока – изјави Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...