Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Груевски да ја издржи двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“. Како што потврдиле од Министерството за правда за „Макфакс“, преку други правни акти ќе побараaт од унгарските власти Груевски да ѝ биде испорачан на Македонија.
Правните акти преку кои ќе се бара екстрадицијата на Груевски се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.
На идентичен начин, Македонија од Грција бараше екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, бидејќи со таа држава Македонија нема меѓудржавен договор за екстрадиција.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА