Салах фаворит за најдобар африкански играч на годината

47

Англискиот медиум Би-Би-Си, кој ја доделува наградата за Најдобар африкански фудбалер на годината, ги објави петмината номинирани за носител на признанието за 2018-та.

Тоа се ѕвездите на Ливерпул Мохамед Салах (Египет) и Садио Мане (Сенегал), дефанзивеците на италијанските клубови Јувентус и Наполи – Меди Бенатија (Мароко) и Калиду Кулибали (Сенегал), како и халфот на Атлетико Мадрид – Томас Партеј (Гана).

Фаворит е Салах, кој ја освои наградата и минатата година, а како негов главен конкурент е клубскиот колега на „Енфилд“, Мане.

Гласањето е до 2-ри декември, а победникот ќе стане познат на 14-ти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...