На 17.11.2018 година во 10,30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на Х.Ф.(23) од Скопје утврдено било дека македонската патна исправа којa ja приложил на увид припаѓа на друго лице. При извршен преглед кај лицето е пронајдена негова косовска лична карта на име Е.Л.(21) од Феризај – Косово. Лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка – информираа од полицијата.