Откриени 21 возач во Скопје под дејство на алкохол, а 32 возеле пребрзо

109

Од контролирани 120 возачи ноќеска во Скопје од страна на полициски службеници,  кај 21 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. Откриени се и 46 останати прекршоци, информираа денеска од полицијата, по засилената контрола за откривање возачи кои управуваат со брзина поголема од дозволената и под дејство на алкохол.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 17/18.11. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената спроведена е акциска контрола на 17.11.2018 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 32 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 32 мандатни платни налози. Исто така констатирани се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...