Лестер го казни навивачот кој влезе на терен да го прегрне синот на загинатиот газда

150

Раководството на премиерлигашот Лестер му забрани влез на стадионот во следните три месеци на навивачот кој втрча на теренот за да изрази сочувство до синот на сопственикот на клубот Вишај Шриваданапрабхи кој загина во хеликоптерска несреќа.

Инцидентот се случи по натпреварот од шампионатот на Англија со Барнли (0:0), кога синот на сопственикот, Ајават влезе на теренот за да им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка. Тогаш, навивачот Том Мери, истрча на теренот за да го прегрне уплаканиот Ајават. Тој му се заблагодари за возврат.

Сепак, навивачот подоцна од раководството на Лестер, доби забрана за влез во следните три месеци поради недозволен влез на теренот.

Навивачот Мери изјави дека лицата за безбедност, по неговото емоционално дело, го чувале во соба на стадионот околу 20 минути прашувајќи го за неговите мотиви. Тој рече дека тој подлегнал на емоции и повеќе нема да го стори тоа. Истакна дека не жали што направил и бил подготвен да прифати казна, бидејќи „правилата се правила“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...