Најмалото бебе на Клиниката за детски болести било 480 грама

До крајот на годинава на Одделот за интензивна нега и терапија се очекува да биде инсталирани систем за централен мониторинг, како и да почне со мониторирање на централни венски и артриски притисоци.

576

Клиниката за детски болести и Одделот за интензивна нега и терапија е единствениот медицински центар во Македонија каде што препраќаат и згрижуваат предвремено родени бебиња и бебиња со екстремно ниска родилна тежина од сите родилишта во нашата држава. Како референтен центар во изминативе две години Одделот има згрижено и лекувано околу 170 бебиња родени под 31-та гестациска недела од бременоста.

Како што информира Клиниката за детски болести,  во 2017 година на Одделот за интензивна нега и терапија примени се 87 предвреме родени новороденчиња. Од нив, 33 се деца родени под 28 гестациска недела и 22 биле со екстремно ниска родилна тежина под 1.000 грама.

Во 2018 година, од јануари до ноември, на Одделот за интензивна нега и терапија примени се 66 предвреме родени бебиња од кои 28 биле родени под 28 гестациска недела  и 21 со тежина под 1.000 грама. Вкупно 57 деца се испишани од Одделот во добра состојба.

Најмалото бебе во килограми кое било примено изминативе две години на Одделот и било испишано во добра состојба имало само 480 грама. Од примените предвреме родени бебиња, со најмала гестациска возраст е бебе родено во 24/25 недела од бременоста кое тежело само 690 грама.

„На Одделот за Инензивна нега и терапија во изминативе две години се применуваат низа нови методи  во третманот на прематурните бебиња кои даваат значителни резултати кај оваа група на пациенти. Тоа се: Високофреквентаната механичка вентилација, optiflow, Лиса методата за апликација на сурфактант, Body cooling како метод за намалување на асфиксиите, апликација на умбиликални катетри и пиклајни, скрининг за слух, употреба на Неопаф“, се наведува во соопштението.

До крајот на годинава на Одделот за интензивна нега и терапија се очекува да биде инсталирани систем за централен мониторинг, како и да почне со мониторирање на централни венски и артриски притисоци.

„Сето ова, комбинацијата на новите апарати кои ги доби Одделот по реновирањето и усовршувањето на лекарите во новите методи, значително оди во прилог на подобрување на намалувањето на новороденечката смртност  во услови кога се повеќе бебиња се раѓаат пред 32-та гестациска недела и со екстремно ниска родилна тежина, нешто што не беше пракса до пред пет години“, стои во соопштението од Детската клиника.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...