Речиси триесет години откако го уби Џон Ленон, неговиот убиец, осуденикот Марк Дејвид Чепмен, за првпат изјавил дека почувствувал што значи срам за стоерното.
Чепмен, според документи што сега се објавени, а произлегуваат од неговото сослушување во август кога бараше и му беше одбиено помилување, изјавил дека кога го застрелал Ленон, не сакал тој да страда, но сакал да биде сигурен дека ќе биде мртов.
– Набавив такви куршуми за да се осигурам дека ќе биде мртов. Веднаш после злосторството се интересирав дали се мачел – стоело во транскрипти од сослушувањето.
Марк Дејвид Чепмен признал и дека со текот на годините, додека седи зад решетки, кај него расте чувството на срам, но сепак, додал, се уште не може да рече дека 100 отсто се кае за стореното и дека плаче за тоа.
– Со секоја помината година чувствувам се поголем срам. Пред 30 години не можев да речам дека го имав тоа чувство, но сега знам што е срам. Тоа е она кога го покриваш своето лице и не сакаш да бараш ништо – објаснил убиецот на Ленон.
Право повторно да побара помилување, Марк Дејвид Чепмен ќе има во 2020 година.
– Секако дека сакам да ме ослободат. Дали сметам дека заслужувам да бидам ослободен? Тоа е веќе друго парашање. Не… не мислам дека некој што направил нешто такво како мене заслужува што било – заклучил Чепмен.
Тој исто така посочил и дека би сакал да и се извини на вдовицата на Ленон, Јоко Оно, но дека се сомнева дека некогаш ќе добие шанса за тоа.
Убиецот останува во затвор
На Марк Дејвид Чепмен (63), човекот кој го уби Џон Ленон во Њујорк Сити во декември 1980 година, повторно, по десетти пат, во август годинава му беше одбиено барањето за условно ослободување. Одлуката ја донел државен одбор од три лица.
– Одборот утврди дека вашето ослободување ќе биде некомпатибилно со благосостојбата и безбедноста на општеството – посочил државниот одбор за помилување на Чепмен во писмото.
Изјавата на одборот за одбивање на условен отпуст е слична со онаа што одборот му ја даде на Чепман кога беше отфрлено неговото последно барање во 2016 година и речиси идентична причина беше псочена и во 2014 година.