Во најсмртоносниот пожар во Калифорнија досега има 71 загинат и над 1.000 исчезнати

81

Најмалку 71 лице загинаа, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати во катастрофалниот пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија синоќа локалните власти.

Како што јави ДПА, шерифот на округот Бјут, Кори Хани на прес-конференција соопшти дека бројот на лицата кои се сметаат за исчезнати пораснал од 631 на 1.011.

Според него, сепак, не е исклучено некои од овие лица да биле „изборени двапати“ или пак да успеале да побегнат пред стихијата, но не е познато каде се наоѓаат.

Овај пожар е досега најсмртоносната и најдеструктивната огнена стихија во историјата на Калифонија. Бројот на загинати е речиси тројно поголем од досега најтрагичниот пожар во Калифорнија, што се случил во паркот „Грифит“ во близина на Лос АНџелес во 1933 година, кога животите ги загубиле 26 лица.

За денеска е најавено дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе допатува во Клаифорнија за да се сретне со лицата чии домови се уништени во пожарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...