Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Алсат М го разјасни својот став што значи помирувањето во Парламентот.
– Сите што не учествувале во насилството на 27 април- крвавиот четврток, и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде Закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности – изјави Заев, на прашањето дали тројцата пратеници инволвирани во насилствата на 27 април би можело да бидат ослободени од одговорност.