Никој не кажува како Груевски побегна од Македонија!

Како и да е Никола Груевски „одлета“ од Македонија. Со „крила“, авион, со автомобил или пак пеш, преку легален или див премин, тој нечујно, невиден од „никој“, „непомогнат од никои“, ја напушти Македонија. Дали ќе добие азил во новата „татковина“ тоа останува за после!?

2621

„Врапчето си летна сега гугутката е на керамиди. Ќе ни побегне ли и таа!?“. Никола Груевски побегна. Некои велат кукавица бил, а некои го оправдуваат. Народ како народ. И едните и другите се во право. Со помош на „нашите“, овие или оние или со помош на странски служби, тој пред очите на обезбедувачите на нашата граница, без никои да го види или да го слушне си замина и од судот и од Макдонија!. Никола си отиде!. Тој повторно во Македонија е тема број еден. Коментарите не стивнуваат. Како побегнал!?. Кој му помогнал!?. Каде и како ја поминал границата на Македонија и со што!?. Многу прашања, а засега нема одговор.

Полицијата вели дека незнае. А шесмина нејзини телохранители го чувале!. Владата вели дека не е замешана во бегството на екс премиерот. Премиерот Заев јавно вели дека Груевски е кукавица и лажел кога велел дека Македонија и македонскиот народ му се се! И ДУИ се оградува! Судот, кој неколку дена неможеше да го најде и да му го врачи решението за одење во затвор, крева раменици. Што значи во оваа наша Македонија никои не знае како побегнал Никола Груевски!? Како и да е Никола преку Србија се скри во Унгарија. И не заборави да и се јави на нацијата, на Македонија, на неговите од ВМРО-ДПМНЕ дека е жив и здрав и дека е во Унгарија. Кај неговото „другарче“ Орбан нашол топол дом и азил побарал! На своите им вели дека секогаш ќе биде со Македонија!

Колку да вели министерот Оливер Спасовски дека Полицијата нема вина, за бегството на Груевски, тешко дека некои ќе му поверува. А и на судот, па ако е и Суд, некои ќе му поверува. Експертите велат дека ако Судот му изречеше казна притвор тешко дека Груевски ќе побегнеше. Но, за тоа си го „окркаа“ „соборците“ на Груевски, Јанакиевски и Божиновски. Веднаш се „прибрани“ во притвор. „По смрт болест не бива“! Така вели народот. Но, тоа е тоа.

За да избега екс премиерот Груевски, да си ги остави децата, жената, мајка та, „спечалениот“ на „чесен“ начин имот, не е едноставна работа. Човекот морал да имал голема мака. Никола не се исплашил од изречените две години затвор. Проблем му беа оние „покрупните“ обвиненија. Кога за ова доби две тогаш за другите колку години ќе му изречеа некогаш „неговите послушни“ судии!

Како и да е Никола Груевски „одлета“ од Македонија. Со „крила“, авион, со автомобил или пак пеш, преку легален или див премин, тој нечујно, невиден од „никој“, „непомогнат од никои“, ја напушти Македонија. Дали ќе добие азил во новата „татковина“ тоа останува за после!?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...