Рестартирана мониторинг станицата Битола 2

105

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека од 14.11.2018 година инструментот за симултано мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и до 2.5 микрометри (PM10/PM2.5) во Автоматската мониторинг станица Битола 2 е инсталиран и ставен во работен режим, соопшти Министерството за животна средина.

– По неопходниот период за стабилизација на инструментот и негово тестирање, од најмалку 24 часа, од 15.11.2018 година истиот е ставен во оперативен режим и со тоа податоците од извршените мерења се достапни и на веб порталот за квалитет на амбиентен воздух при МЖСПП, односно на http://air.moepp.gov.mk.

Во изминатиот период мерењата на PM10/PM2.5 од мерното место Битола 2 беа оневозможени поради комплексен дефект на инструментот во гарантен рок и истиот мораше да се испрати до неговиот производител. По извршеното сервисирање и калибрација истиот е вратен назад на мерното место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...