Спроведени третина од активностите за реформа на администрацијата

137

Од 72 активности предвидени со Стратегијата за реформи на администрацијата и Акцискиот план (2018-2022) за првата половина од годината, целосно се спроведени  27, во тек се 36, а девет активности не се почнати или доцнат – покажува Првиот  полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата на Министерството за информатичко општество и администрација, кој денеска беше презентиран.

Од четирите приориотени области од Стратегијата, во делот „креирање политики и координација“ целосно се спроведени 12 активности, десет се во тек, а три активности биле целосно спроведени во приоритетната  област „ јавна служба и управување со човечки ресурси“.

– Во областа  „одговорност, отчетност и транспарентност“, целосно биле спроведени седум активности, три биле  во процес на спроведување, а една доцнела со реалзиација, додека во приоритето „давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата“ пет активности биле  цеосно спроведени, 23 биле во процес на спроевдување, а  осум доценеле во спроведување – информира Марија Николоска Арсовска од МИОА.

Мирјана Мирчевска од Фондацијата Отворено општество – Македонија, кои го мониторираат спроведувањето на планираните активности, наведе дека помеѓу институциите има недостаток на координација и меѓусебна неинформираност. Показател за тоа, како што рече, е тоа што 22 проценти односно  65 барања биле препратени од институцијата која иницијално ја адресирале до друга институција.

– За администрацијата повеќе не е проблем молчењето на администрацијата, туку да се добие содржински и суштински  одговор, затоа што често добиваме парцијални информации, по што моравме да праќаме дополнителни барања за појаснување – рече Мирчевска, наведувајќи пример дека најголем проблем да се обезбеди суштински одговор имале од Генералниот секретаријат, каде имало ист одговор за сите активности за кои се обратиле.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, информираше дека мерка во стратегијата на која активно се работи е деполитизација на администрацијата. Тоа ќе се прави преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности  и професионализација на високите раководни позиции, дефиниран  и регулиран систем и воспоставен систем за професионален развој на службениците. Во тој контекст е и подготовката на законот за висока раководна  служба каде првпат се дефинираат јасни критериуми за избор на високите раководни позиции.

– Деполитизација и професионализација на администрацијатане не е само барање на сите меѓународни организации како клучна мерка во процесот на пристапување во ЕУ, туку е наша обврска кон граѓаните – рече Бајдевски.

Стратегијата, дополни, се осврнува и на давањето услуги и ИКТ поддршка на администрацијата затоа што нејзината реформа е невозможна без дигитализацијата. Поради тоа се предвидени цели за инвестирање во развој на дигитална средина, зголемен квалитет и достапност до јавните услуги и корисење на е-услуги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...