Пијан пациент кршел предмети синоќа на Клиниката за токсикологија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Случајот во полиција го пријавила медицинска сестра од Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Во 18:55 часот во Полициската станица Центар, таа пријавила дека З.Т., кој бил донесен во алкохолизирана состојба на Клиниката, по укажаната помош почнал агресивно да се однесува и да крши предмети.
З.Т. бил приведен во Полициската станица Центар и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.