Владата го прифати предлогот на Министерството за надворешни работи за потпишување Спогодба меѓу владите на Македонија и на Кина за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји.
Прифатен е и предлогот за поведување на постапка за водење на преговори за потпишување на Спогодба за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Република Украина, Руската Федерација, Азербејџан и Казахстан.