Медицинските сестри ќе добијат повисоки плати уште во јануари

Премиерот рече дека барањата на медициснксите сестри биле оправдани, но причина била и стравувањето дека ќе има дополнителен одлив на овој кадар од земјава.

458

Медицинските сестри и другиот медицински персонал ќе добијат зголемување на платата од пет отсто уште во јануари наместо како што беше предвидено со предлог буџетот за следната година тоа да се случи во септември, информира денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев на која заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски го претставија предлог буџетот за следната година.

Премиерот рече дека барањата на медициснксите сестри биле оправдани, но причина била и стравувањето дека ќе има дополнителен одлив на овој кадар од земјава.

– Направивме дополнителен напор да обезбедиме дополнитлени средства во буџетот за да има зголемување на платите на медицинските сестри и медицинскиот персонал да се реализира зголемувањето на платите од пет отсто уште во јануари следната година – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...