Никола Груевски ја напуштил територијата на Црна Гора преку граничниот премин Добраково истиот ден кога влегол во 22.16 часот, од каде преминал во Србија со автомобил со регистерски ознаки 55А05 во кој се наоѓале Часар Јозеф Золтан и Фелаѓази Шаба, пишува денеска црногорскиот весник „Вијести“.
Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември во 19.19 часот преку граничниот преми Божај, со лична карта на негово име.
– Не се појави никаква заштитна мерка на систeмот за пребарувања – вели изворот за весникот.
Груевски се возел со „фолксваген џета“ со регистерска ознака CD1023 кога влегол во Црна Гора.
На официјалниот сајт на унгарската амбасада во Подгорица е наведено дека Золтан е заменик на унгарскиот амбасадор во Црна Гора, а Шаба е конзул. Конзулатот се наоѓа во Херцег Нови.
Црногорската полиција соопшти дека ги испочитувала сите законски процедури во овој случај.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI