| Вести денес: 0

Коцијанчич: Европската унија не сака да се меша во случајот со Никола Груевски

Ова е прва реакција на  официјален Брисел во врска со случајот со Груевски.

1727

Европската унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија, изјави портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич, за Пресинг ТВ.

Коцијанчич вели дека „ова е случај кој не смее да се политизира“.

– Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејстуваат строго во согласност со релeвантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира – изјави Коцијанчич за Пресинг ТВ.

Ова е прва реакција на официјален Брисел во врска со случајот со Груевски.
 
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...