Момче кое продавало храна на стадионот на бејзбол тимот Детроит Тајгерс, доби 18 месеци условна казна бидејќи плукналo во парче пица пред да му ја даде на човекот што ја купил.
Од видеото што се распространи на Инстаграм, надлежните заклучиле дека тоа се случило на натпреварот меѓу Тајгерс и Канзас Сити на Комерик Парк стадионот, на 21 септември годинава.
Откако билo фатенo на камера, 21-годишното момче ќе мора 18 месеци да оди на курс за справување со бесот и не смее да работи со храна. Тестовите покажале дека тоа нема никакви болести. Ја признало вината пред судот и вели дека „многу се кае“.
Сепак, тоа било отпуштено од работа.