Унгарски полицајци на границата со Грција ќе фаќаат бегалци

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека и до сега на оваа граница патролирале 27 унгарски полицајци кои се пристигнати во земјава на 18 октомври.

439

Нов контигент од 30 унгарски полицајци пристигна синоќа во земјава. Тие ќе бидат распоредени на јужната граница каде што ќе ѝ помагаат на македонската полиција за поуспешен надзор на границата за спречување на илегални преминувања на бегалци. Тие во земјава ќе престојуваат до 13 декември.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека и до сега на оваа граница патролирале 27 унгарски полицајци кои се пристигнати во земјава на 18 октомври.

– Министерството за внатрешни работи на Унгарија од 04 јануари 2016 година упатува унгарски полициски службеници на територија на Република Македонија кои заедно со македонските полициски службеници учествуваат во заеднички гранични операции на територија на Република Македонија, а во насока на поуспешен надзор на македонската државна граница пред се во делот кон Грција – велат од МВР.

Од започнување на проектот за зголемена контрола и надзор на јужниот дел на државната граница на Република Македонија до 13 декември 2018 година бројката ќе достигне 908 упатени унгарски полициски службеници распределени во 32 контингенти.

Информацијата за праќањето на новата група полицајци во Македонија деновиве ја коментираат унгарските медиуми, откако дознаа дека поранешниот премиер на земјава кој е осуден на две години затвор, Никола Груевски побарал азил во Унгарија. Посебно иритирачки за јавноста, според тамошните медиуми е тоа што унгарската влада и се спротивстави на ЕУ за бегалската политика и ги зајакна процедурите за бегалци, а сега за екс премиерот на Македонија ги прекршува процедурите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...