Поранешниот премиер Никола Груевски при неговото бегство од Албанија на 11 ноември во 19.11 часот влегол во Црна Гора, а истата вечер ја напуштил и таа земја соопшти црногорското МВР.
– Никола Груевски влегол во тој ден и истио ден ја напуштил Црна Гора. Црногорската полиција во овој случај во целост ги почитуваше законските процедури, наведува црногорското МВР во соопштението до медиумите.
Ваквата потврда од црногорските власти доаѓа откако албанската полиција објави дека Груевски глегол нелегално на албанска територија, а оттаму со возило на унгарската амбасада во Тирана се упатил кон Црна Гора преку граничниот премин Хани Хоти.
Возилото со кое се возел од унгарска амбасада било со регистарски таблици CD1013A.
Албанската полиција објави дека тие постапиле според законот, бидејќи на 11 ноември немало меѓународна потерница. Истата преку интерпол стигнала кај нив на 13 ноќта.
На Груевски му се одземени и регуларниот и дипломатскиот пасош. Тој според нашите информации, не патувал со лажен пасош туку низ Балканот се движел со личната карта и наводно патувањето го продолжил во друга земја, сосед на Црна Гора.
Сепак, ова се неофицијални информации, го контактиравме црногорското МВР барајќи одговори на овие прашања, кои очекуваме да ги добиеме во текот на утрешниот ден.