Полицијата вечерва спречи демонстранти од иницијативата „Македонија блокира“ да се приближат до домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска во скопско Пржино.
Демонстрантите пуштаа народни песни и извикуваа „Македонија, Македонија“.
Тие бараа Канческа Милевска да се помири со граѓаните.
Во минатата недела „Македонија блокира“ протестираа пред домовите на пратениците кои ги поддржаа уставните измени Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.