Здружението на Директори на студентските домови бара поголема партиципацијата за учениците и студентите

153

За проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата кои ги уплатува државата, е темата за која разговарале  Здружението на Директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбен Адеми и заменик министерот Петар Атанасов. На средбата присуствувале и претставници од кабинетите на премиерот, министерството за финансии и министерството за информатичко општество.

– За 16 години партиципацијата од министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10 %. Оваа сума ни одблиску не ги покрива трошоците околу сместувањето на учениците/студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и 8 студентски домови- велат од Здружението на директори.

Здружението на директори на ученичките и студентските домови бара партиципацијата да се плаќа 12 месеци од причина што тековните трошоци и плати за вработените се реализираат во текот на целата година.

Од Здружението велат дека работат на подобрување на условите во домовите. Затекнатите состојби сепак се на незадоволително ниво па наместо за нови инвестиции се исплаќаат долгови. Наша цел е учениците и студентите да имаат соодветни услови за стекнување на своето образование. Здружението на директори на ученичките и студентските домови секојдневно работи за остварување на тоа.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...