На лицето Никола Груевски никогаш не му бил издаден бугарски пасош ниту пак истиот некогаш аплицирал за лични документи во Бугарија, категорични се бугарските власти кои ги контактиравме откако во јавноста излезе информацијата дека тој пребегал со бугарски пасош.
– Државна агенција „Национална безбедност” изврши проверка во врска со публикации во странски медиуми од 14.11.2018 година, според кои поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски пристигнал во Унгарија со бугарски пасош. Утврдено е дека Никола Груевски, роден на 31.08.1970 година, не е бугарски државјанин и не поднел барање за стекнување на бугарско државјанство. На лицето не му се издадени бугарски документи за лична идентификација – пишува во соопштението од бугарските власти кое од амбасадата на Бугарија го испратија до Плусинфо по нашите прашања.
Демант на информациите дека Груевски избегал со легален бугарски пасош од утрово објавија и бугарските медиуми повикувајќи се на официјална Софија, а изјава за тоа имаше и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Фото: EPA-GEORGI-LICOVSKI