Маж од Македонски Брод паднал од орев и починал, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера околу 16.15 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во атар на село Драгов дол, Д.Л.(55) од Македонски Брод, паднал од орев и се здобил со повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде лекар констатирал смрт – велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.