Белградска „Политика“ вчера објави информација во која се тврдеше дека поранешниот премиер на земјава, сега осуден на две години затвор, Никола Груевски избегал од Македонија со лет на Унгарската авиокомпанија „Малев“. Оваа авиокомпанија, меѓутоа, не лета од 2012 година.
Авикомпанијата „Малев“ беше државна авиокомпанија на Унгарија од 1946 година до 3 февруари 2012 година кога официјално банкротира.
Во моментот на прогласување на банкротот вкупниот долг на „Малев“ кон државата изнесуваше 270,5 милиони долари.