Кристијано Роналдо ја побарал за жена Георгина Родригез, објави „Мирор“. Девојката на светската фудбалска ѕвезда рекла „да“.
Според изворот, Георгина веќе почнала да разгледува венчални фустани.
За врската меѓу Роналдо и Родригез се дозна на крајот на 2016 година. Во ноември 2017 година, двојката доби ќерка.
За потсетување, 32-годишниот фудбалер на Јувентус, има и син од сурогат мајка, роден во 2010 година и близнаци Ева и Матео (2017 година).
ФОТО: Инстаграм