На 27 април лани кога беа нередите во Собранието, еден од обвинетите пратеници, Крсто Мукоски, контактирал со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Ова го покажува вештачењето на телефонот на Мукоски од кој се читаа СМС и Винар пораките.
Првата порака на Вибер на 27 април тие си ја разменуваат во 12.42 (според временска зона УТЦ+2; ние сме во УТЦ+1 што значи дека всушност пораката е пратена во 11.42 часот според нашата временска зона), а последната која се испраќа е околу 19.10 часот периодот кога Зоран Заев држеше прес конференција.
Комуникацијата ја пренесуваме интегрално:
Крсто Мукоски 12.42ч: Заев се јави за процедурално??!!!!
Миле 13.29ч: Одете по нив. Кај и да се движат.
Миле Јанакиески 17.59ч: Свири бе брат.
Миле Јанакиески 18.19ч: Алал вера за денес брат.
Крсто 18.25ч: Фала ти, мора малку да е тензично надвор за да се префрли фокусот таму
Миле Јанакиески 18.26ч: Да да.
Крсто 18.27ч: Оти тука се сите камери и трнзично е, цело време го прашуваат Заев неговите што да прават.
Миле Јанакиески 18.37ч: Да му застаниш.на овој пред него што чита.
Миле Јанакиески 18.37ч: Пред него застани си.
Крсто Мукоски 18.38ч: Ќе напраиме проблем нека почнат тие први.
Миле Јанакиески 19.10ч: Качете се дел во прес салата каде е Заев.
Појаснување: Времето на испраќање на пораките кое е споменато погоре, обвинителството ги презентираше според временска зона УТЦ+2. Тоа значи дека реалниот час кога се испраќани пораките според нашата временска зона (УТЦ+1) е еден час претходно од наведеното во текстот.
ФОТО: EPA/STR