Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) во недела, во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе го одржи своето Основачко собрание.
Претседателот на Иницијативниот Комитет, Петар Колев се заблагодари за поддршката на иницијативата за формирање на ГДУ.
– Драги пријатели ви благодарам за Вашата гостопримливост додека ги собиравме потписите потребни за регистрација на заедничкиот проект. Ви благодариме за добронамерноста, сугестиите и идеите кои ги споделивте со нас. Но, најмногу за еланот, желбата и вербата дека промените се можни, дека промените се потребни – вели Колев.