Јанакиески за притворот: Не можете по магарето, удрете по самарот

578

„Старите велат, не можете по магарето, удрете по самарот”, рече обвинетиот Миле Јанакиески, за време на судењето за случајот ТНТ, одговарајќи на прашањето на судијата – дали нему му е определена мерката притвор.

Поранешниот министер за транспорт и врски е обвинет дека бесправно, заради политички реваншизам издал налог за уривање на објектот „Космос“, на бизнисменот Фијат Цаноски.

Во случајот „ТНТ“ покрај Јанакиески обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...