Белата куќа разреши од функција и еден од замениците на сменетиот државен секретар Рекс Тилерсон.
Заменикот државен секретар за јавна дипломатија Стив Голдстин е разрешен откако дал различна верзија за смената на Тилерсон од онаа на Белата куќа, изјавија претставници од Белата куќа.
Голдстин напиша на Твитер дека Тилерсон не разговарал со Трамп по разрешувањето и не била јасна причината за таквата одлука.