Иако помина првото тромесечие учениците од седмо, осмо и деветто одделение сѐ уште немаат добиено учебници по предметот Географија.
Од Министерството за образование и наука потврдуваат дека овие учебници сѐ уште не се отпечатени.
– Поради судски процес јавната набавка за избор на компанија за печатење на учебниците кои се во сопственост на МОН, односно МОН ги поседува авторските права (вклучувајќи ги и учебниците по географија), започна малку подоцна. По завршување на процесот, учениците ќе ги добијат и тие учебници – рекоа од МОН за Плусинфо.
Оттаму додаваат дека учебниците кои се во сопственост на издавачките куќи се набавени (по цена која е за 40% пониска во однос на изминатите години) и целосно, согласно нарачаните количини од училишните комисии, дистрибуирани до сите училишта.