Под влијание на студена воздушна маса од север, следува период на променливо облачно и студено време.
Во наредните два дена ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Од утре ќе има услови за локален дожд, а на повисоките места и на планините за локален снег. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.