Унгарски медиуми: Груевски избегал со бугарски пасош?

3948

Унгарскиот весник „Непшава“ изразува сомневања дека унгарската влада учествувала во организација и реализација на бегството на Груевски до Будимпешта. Најсериозната информација која ја објави овој унгарски медиум е дека е можно Никола Груевски да го реалзиирал патот Скопје-Будимпешта со бугарски пасош, јавува Телма.

– Проверете со бугарските власти – бил одговор на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на „Непшава“ го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...