Се плашам дека ќе почнеме премногу да се бавиме со Орбан и дали или не ќе му даде азил на Груевски, но наш главен интерес треба да биде самото бегство, зошто институциите не одговориле соодветно и кој треба да преземе одговорност – изјави Мирјана Најчевска во Топ Тема на Телма.
– Ова е многу непријатно искуство со кое на здрав памет не прават будали. Морале од МВР да претпостават дека личност од таков калибар со многу пари, моќ и врски може да побегне од државата.