Радванска се збогува со тенисот

216

Полската тенисерка Агњешка Радванска денеска објави дека го остава тенисот по 13 години професионална кариера.

– За жал, повеќе не можам да тренирам и да играм на начин како што сум навикната. Време е за нови предизвици, за нови идеи, еднакво возбудливи како и оние на теренот, напиша 29-годишната Радванска на социјалните мрежи.

Агњешка Радванска освои 20 ВТА титули во кариерата.

Тенисерката од Полска, кој во еден период беше рангирана и на второто место на ВТА листата, играше финале на Вимблдон во 2012 година кога загуби од Американката Серена Вилијамс.

Фото: EPA/Anita Maric

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...