Фудбалер на Венло барал слободни денови да му помогне на болен од леукемија

137

Германскиот фудбалер Ленар Ти ќе ги пропушти тренинзите оваа недела со холандскиот клуб ВВВ Венло со цел да му помогне на пациент болен од леукемија.

Како што соопшти холандскиот клуб, Ти барал слободни денови за да дарува крв од која лекарите би произвеле матични клетки кои потоа би му се трансплантирале на болниот.

Фудбалерот минатата недела дознал дека неговата ДНК се поклопува со одреден пациент. Ти (26) пред седум години прифатил анализа на ДНК за да види дали може некому да му помогне во иднина.

– Можноста за поклопување на ДНК е многу мала, па затоа оваа ситуација е исклучително посебна – потенцираат од клубот.

Ти, кој игра за Венло на позајмица од Вердер од Бремен, ќе го пропушти натпреварот од холандското првенство против ПСВ Ајндховен.

Фото: EPA/CARMEN JASPERSEN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...