Борбата против аерозагадувањето, стратешки приоритет на Владата за 2019 година

94
20151224 Thursday magla skopje zagadeno zagadenost zagaden vozduh pm chestici chestichki smog

На владината седница беше разгледан предлог за план и мерки за утврдување Програма за намалување на аерозагадувањето во рамките на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија. Донесена е одлука за измени и дополнување на Одлуката на Владата за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година, соопшти Владата.

– Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година. Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...