Во моментот кога големите светски лидери се гледаат речиси секојдневно, едни предупредуваат од национализам и духови на минатото, други цинично и опортунистички прават од Балканот Јужна Америка.
Во геополитичката и специјална војна која се води на ова тло и судирот на странските интереси, благодарение на неспособната домашна власт, се покажа дека Македонија сѐ уште не излегла од својата дестабилизација и дека е прашање дали воопшто ќе излезе, имајќи ја предвид внатрешната слабост, партизираност, криминал и корупција.
Се покажа дека владеењето на правото и неселективноста се невозможни во МК. Се покажа дека Владата не се грижи доволно и не прави доволно, имајќи ги во предвид заканите однадвор.
Се покажа дека без странскиот фактор оваа влада не може ништо да спроведе сама. Се потврди дека голема сила раководи со Белград и со Будимпешта, а Скопје е само нем и глуп набљудувач.
Европа и САД би требало повеќе да се побават со домашните дестабилизатори и неспособни кадри, а потоа и да одговорат и на овој срам кој оди и на нивно конто и е пред сѐ за нив наменет како порака.
Вакви на Западот не му требаме, колку и да сакаат да имаат конечен збор, сепак сакаат и некој пристојно да владее. Ова е сѐ, само не е добро владеење.
(ФБ статус на авторот)