Уапсено семејството кое изврши масакр во Охајо пред две години (ФОТО + ВИДЕО)

415
ФОТО: АП / Џон Минчило / српски „Курир“

Убиени биле осум лица, на возраст од 16 до 44 години, во четири различни домови на една фарма за марихуана во Охајо, поради што е уапсено четиричлено семејство.

Телата биле пронајдени во 2016 година, а дури сега се уапсени луѓето кои ги извршиле злосторствата.

Уапсени се родителите, 47-годишниот Џорџ Били Вагнер и 48-годишната Анџела Вагнер, заедно со синовите, Џорџ и Едвард Џејк, на возраст од 27 и 26 години.

Џејк и бил поранешно момче на една од жртвите, 19-годишната Хана Роден. Тој со неа го делел старателството за нивната ќерка. Хана била пронајдена мртва во својот кревет заедно со бебето кое имало четири дена. Бебето преживеало, заедно со уште две деца на фармата.

– Истрагата покажала дека обвинетите ги следеле навиките и секојдневната рутина на жртвите. Домовите им биле познати, знаеле и каде спијат – рекол тужителот и додал дека овој случај е поврзан со опсесијата околу старателството на детето.

Во една од жртвите било пукано дури девет пати. Обдукцијата покажала дека жртвите пред да им подлегнат на повредите, се бореле со напаѓачите.

Марихуана била пронајдена на три од четири места каде што се случиле злосторствата.

Кога претходната година се барало од јавноста да се дадат информации за семејството Вагнер, се тврдело дека и тие биле жртви, а вистинските монструми се „во бегство“.

Убиени биле Кенет Роден (44), Кристофер Роден (40), Дејна Роден (37), Клеренс Френки Роден (20), Кристофер Роден Џуниор (16), Хана Меј Роден (19), Хана Гили (20) и Гери Роден (38).

За време на убиството, семејството Вагнер живеело во Охајо. Потоа се преселило на Алјаска. Поради сомнеж дека го прикриле овој масакр, уапсени се и мајките на Били и Анџела.


Извор и ФОТО: српски „Курир

ФОТО: АП / Џон Минчило / српски „Курир“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...