Владата финансиски ќе ги поддржува инвестициите од дијаспората

319

Владата попладнево, на 58 седница го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората – како инвестиции од значаен интерес за Македонија.

Законот ја воспоставува правната рамка за реализација на мерките на Владата од програмата за економски раст.

– За почетни инвестициски вложувања на деловни субјекти основани од државјани на Македонија, коишто имаат живеалиште или привремен престој надвор од земјава и доколку инвестицијата се однесува на инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија, пораст на капитални инвестиции, откуп на материјални средства од деловни субјекти со потешкотии, или во делот на зголемување на конкуретноста на пазарот, финансиската поддршка се зголемува за дополнителни 10 отсто – велат од кабинетот на министерот за дијаспора, Едмон Адеми.

Од таму доваат дека дијаспората го заслужува тоа од матичната земја. Дека станува збор за конкретни решенија и мерки кои се од бенефит и за Македонија и за дијаспората.

– Владата ја разбира неопходноста од интензивирање на економската соработка помеѓу државата и дијаспората, па токму усвојувањето на овој закон ќе биде почетниот стимул за придвижување во таа насока – велат од кабинбетот на Адеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...