Пешевски апелира гневот од бегството на Груевски да не се истура врз други обвинети

1141

Владимир Пешевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања за ТВ 21 вели дека е разочаран и вознемирен од бегството на Никола Груевски и додава дека овој чин е за најостра осуда.

– Длабоко сум разочаран и вознемирен од овој чин кој е за најостра осуда и од кој што целосно се оградувам. Ова сериозно ги подрива сите напори и иницијативи што во моментот се водат во насока на национално помирување на повеќе нивоа. Кон сите што учествуваме во овие процеси, апелирам да продолжиме со она што ѝ е навистина потребно на нацијата. Иако е тоа тешко, апелирам гневот од овој чин да не се насочува кон другите луѓе кои што се опфатени во други судски предмети и истраги. Верувам дека правдата на крај сепак ќе го стигне секого – изјави Пешевски за ТВ 21.

Поранешниот вицепремиер е обвинет во случајот „Траекторија“ на СЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...